Во Полска се преврте автобус полн со бегалци од Украина – повредени деца, итно пренесени во болница

пред 3 години

Автобус полн со бегалци од Украина се превртел рано утринава на место недалеку од Лублин. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку четири деца се повредени и тие итно се пренесени во болница.

-Автобусот одел во правец на Варшава кога наеднаш излетал од патот во ендек и се превртел – соопшти локалната полиција.

Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи.

Најмалку пет патници се пренесени во болница.

– Направен е алкотест на возачот и немал алкохол во крвта – соопштија од полицијата.

Да потсетиме, околу половина милион луѓе побегнаа од Украина во Полска во последните осум дена.

Share
Scroll to Top