Во Полска скоро целиот кризен штаб поднесе оставка: „Политиката не ја слуша науката“

пред 3 години

Во Полска, 13 од вкупно 17 членови на медицинскиот тим што го советуваа премиерот во однос на пандемијата со коронавирус поднесоа оставка, поради, како што самите навеле, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП.

„Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна во контекст на ограничените мерки во есенскиот бран на пандемијата, а потоа и по појавата на омикрон варијантата, и покрај огромниот број на очекувани смртни случаи“, велат членовите на Советот.

Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Важат правила како што се носење маски во затворени простории и ограничување на бројот на гости во баровите и рестораните.

Во Полска се вакцинирале 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската унија.

Share
Scroll to Top