Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните лекови, вклучително и вакцините, објави денеска оваа служба.
„Руски научници од ФМБА открија нова варијација на вирусот САРС-Ков-2. Мутациите беа откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори. Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата и може да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и постоечките вакцини, кои беа тестирани на претходните соеви на Ковид-19“, наведуваат од ФМБА, а пренесе агенцијата ТАСС.
Името на откриената мутација сè уште не е познато.