Во Русија открина ќелија на терористичката Хизб-ут Тахрир

пред 4 години

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) откри тајна ќелија на терористичката организација Хизб-ут Тахрир, која е забранета во Русија, во регионот Калуга, пренесува ТАСС.

„Агентите на Федералната служба за безбедност и на Националната гарда открија тајна ќелија на меѓународната терористичка организација Хизб-ут Тахрир (забранета од Врховниот суд на Русија во 2003 година) во регионот Калуга“, се вели во соопштението.

Според ФСБ, припадниците на ќелијата вршеле активности со кршење на рускиот Устав, засновани врз идејата за создавање на т.н. глобален калифат, уништување на секуларните јавни институции и насилно уривање на сегашната влада.

„Тие ширеа терористички идеи меѓу жителите на регионот на тајни состаноци и врбуваа локални муслимани во своите редови“, додава ФСБ.

Во домовите на притворените осомничени биле запленети голема количина забранети пропагандни материјали на Хизб ут-Тахрир, опрема за комуникација и дигитални уреди за складирање.

Покрената е кривична истрага.

 

Share
Scroll to Top