Во Русија рекорден број на починати, многу болници би можеле да останат без кислород

пред 3 години

Во Русија денеска е забележан рекорден број на смртни случаи како последица на инфекција со Ковид-19. Во последните 24 часа починале 1.239 лица, соопштија властите.

Работната група за коронавирус на Владата, исто така информираша за 38.058 нови инфекции, од кои 3.927 во Москва. Треба да се напомене дека некои региони бележат пад на бројот на нови случаи.

Министерот за здравство Михаил Мурашко денеска во парламентот изјави дека залихите со кислород во болниците во 12 руски региони би можеле да траат уште два дена или помалку во случај да не се обноват, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 62 милиони Руси примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Share
Scroll to Top