Во Русија целосно вакцинирани 3,5 милиони луѓе

пред 4 години

Русија води во Европа по бројот на луѓе кои завршиле целосна вакцинација против коронавирус, односно 3,5 милиони Руси веќе ги примиле двете дози на вакцината „спутник В“, изјави шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) Кирил Дмитриев, пренесува ТАСС.

„Русија е лидер во Европа по бројот на вакцинации против коронавирусна инфекција – две компоненти на „спутник В“ веќе се примени од 3,5 милиони луѓе. Ниту една друга европска земја сè уште не вакцинирала три милиони луѓе. Русија, заедно со Кина, САД, Индија и Израел е рангирана во првите пет земји во светот според бројот на вакцинирани лица. Вкупниот број на инјекции честопати погрешно се споредува со овој показател, додека Русија користи конзервативен пристап при пресметување на вакцинациите врз основа на целосна вакцинација со две компоненти“, рече Дмитриев.

Share
Scroll to Top