Во светот од коронавирус досега заболеле повеќе од 106 милиони луѓе

пред 3 години

Според податоците на веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата во светот се потврдени 106.000.655 случаи на коронавирус, а моментално се активни 25.905.555 случаи.

Од вирусот досега починале 2.310.974 луѓе во светот, а оздравеле 77.639.206.

САД имаат најголем број на потврдени случаи – скоро 27,5 милиони, по што следат Индија – повеќе од 10,8 милиони, Бразил – скоро 9,5 милиони, Русија – повеќе од 3,9 милиони, Велика Британија – 3,9 милиони, Франција – скоро 3,3 милиони.

Share
Scroll to Top