Во Словенија голем пораст на бројот на заболени и хоспитализирани – секој петти тест е позитивен

пред 3 години

Во Словенија, во изминатите 24 часа се потврдени 477 нови случаи на коронавирус, односно секој петти тест е позитивен, со значително зголемување на бројот на новозаразени и хоспитализирани во споредба со минатата недела.

Од 2.489 тестирани примероци, потврдени се 477 случаи на инфекција, односно 19,2 проценти, додека пред седум дена имаше 318 новозаразени, со 15,5 проценти од позитивните наоди, пренесува агенцијата Хина податоци од словенечката влада.

За неповолниот развој на епидемиолошката состојба укажува и зголемувањето на бројот на приеми во болница, каде што на почетокот на минатата недела имаше 49 пациенти со ковид, а денес има 86.

Од нив, 19 се на единици за интензивна нега, од кои 10 се интубирани.

Националниот институт за јавно здравје проценува дека во моментов има 3.753 активни случаи на коронавирус во Словенија, а инциденцата од 14 дена на 100.000 жители е 178.

Според најновите резултати, делта-сојот сочинува 99,3 проценти од случаите на инфекција.

Share
Scroll to Top