Во Словенија 1.813 нови случаи на коронавирус, 49 пациенти починаа

пред 4 години

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.813 нови случаи на коронавирус, а 49 пациенти починале како резултат на вирусот.

Тестирани се 6.453 лица, од кои вирусот е потврден во 28% од случаите.

Во моментов има 1.268 пациенти во болница, од кои 196 се на интензивна нега.

Словенечката влада ги продолжи рестриктивните мерки против коронавирусот. Ова значи дека останува да важат забраните за собири и за движење меѓу општините, а во сила останува и ноќниот полициски час.

Исто така, јавниот превоз е суспендиран, а продавниците што не продаваат добра од витално значење се затворени.

Остануваат во сила и мерките на претпазливост, како што се носење маски на отворено и затворено и миење раце.

Сепак, беше донесена одлука за отворање на историско-културните и археолошките места, како и на библиотеките и другите културни институции за јавноста.

Share
Scroll to Top