Во Словенија 1048 нови случаи на Ковид-19

пред 3 години

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1048 нови инфекции со коронавирус од 4457 тестирани, што е повеќе од двојно повеќе од претходниот ден. Процентот на позитивни тестови се уште е околу 24 проценти, поради што владините претставници вчера изразија релативен оптимизам дека врвот на вториот бран на епидемијата веќе поминал, и покрај сè уште загрижувачкото зголемување на хоспитализациите.

Сепак, во владата има спротивставени мислења за тоа дали да се ублажат ограничувачките мерки или да се заострат, јавуваат словенечките медиуми.Како што објави синоќа комерцијалната телевизиска станица ПОП-ТВ, министерот за здравство Томаж Гантар е за заострување на мерките, вклучително и натамошно намалување на сообраќајот и работата на продавниците и услугите, а според некои медиуми тој понудил оставка доколку не бидат заостри мерките или дури се случуваат нивните отстапки.

Министерот за економија Здравко Поцивалшек најмногу се спротивставува на ова, предупредувајќи дека тоа ќе предизвика голема економска штета, додека премиерот Јанез Јанша вели дека треба строго да се почитуваат постојните мерки за да не се воведат нови, тврдат медиумите во Словенија.

Share
Scroll to Top