Во Србија вакцинирани повеќе од 630.000 луѓе

пред 4 години

Србија, заедно со Велика Британија, со повеќе од 636.000 вакцинирани, е меѓу водечките европски земји по бројот на дадени дози вакцина против коронавирус на 100.000 жители, но во исто време е на чекор до заострување на епидемиолошките мерки затоа што новите статистички податоци укажуваат на зголемување на бројот на нови случаи и хоспитализации.

Можно е Кризниот штаб денеска да донесе одлука за целосно затворање на угостителските објекти вклучително и рестораните во хотелите, бидејќи се покажа дека престојот на илјадници луѓе на Копаоник и Златибор придонеле за скокот во бројот на заразени.

Србија последен пат имаше трицифрен број на новоинфицирани на 2 ноември минатата година – 802, за да достигне рекордни нови 7.999 случаи на дневна основа на почетокот на декември, и рекорден број хоспитализирани – 9.731 на крајот на годината, на 27 декември.

Членовите на Кризниот штаб ги анализирале начините на кои се проширила инфекцијата во последните денови, а заклучокот е дека жариштата се полните хотели во зимските центри.

Share
Scroll to Top