Во Србија помалку од 4.000 новозаразени и 49 починати

пред 3 години

Според најновите податоци, во Србија се регистрирани 3.823 новоинфицирани од 15.387 тестирани, а 49 лица починале.

Во болниците низ целата земја има 9.688 заболени од коронавирус, од кои 312 се на респиратор, објави Министерството за здравство.

Од вкупниот број новозаразени со вирусот во последните 24 часа, во Белград се регистрирани 1.009 пациенти, а потоа следуваат Нови Сад со 252 новоинфицирани, Крагуевац со 135 и Ниш со други 126 заразени.

Во Србија веќе е започната вакцинацијата против коронавирус , а првата вакцина ја примија премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, министерката за труд Дарија Кисик-Тепавчевиќ и членот на Кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон.

Share
Scroll to Top