Во Србија помалку од 5.000 новозаразени сo коронавирус, 51 починат

пред 3 години

Во последните 24 часа за коронавирус во Србија биле тестирани 16.740 лица, од нив 4.910 биле позитивни, додека починале 51 лице.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 349 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ цела Србија.

Дискусијата за потенцијална либерализација на одредени мерки е во центарот на вниманието на јавноста, особено поради фактот што овој петок е крајниот рок за ограничување на работата на угостителските објекти и повеќето трговски објекти до 17 часот, а за време на викендите им е целосно забрането да работат.

Работното време на продавниците и трговските центри може да се продолжи до 20 часот во работните денови, а за време на викендите до 14 или 15 часот, пишува „Блиц“. Засега, ова е најверојатната опција за новото работно време по можното олеснување на мерките во пресрет на новогодишните празници.

Share
Scroll to Top