Во Србија пристигна нов контингент на вакцини од „Фајзер“

пред 3 години

Во Србија пристигна редовна испорака на вакцини против коронавирус од компанијата „Фајзер“, соопшти Министерството за здравство.

Според информациите, пристигнале 155.610 дози од таа вакцина.

Вакцините се доставени до Институтот Торлак.

Инаку, во Србија се откриени 1.980 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале како последица на оваа болест. На респиратори има 177 пациенти.

Тестирани се 15.248 лица, а во болница се 3.798 пациенти.

Share
Scroll to Top