Во Србија 102 нови случаи на коронавирус

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 102 нови случаи на коронавирус, а починало едно лице. Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 763, објави Министерството за здравство. Во последните 24 часа тестирани се 2.906 лица. Вкупно се хоспитализирани 315 лица. Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 34.787 случаи.

Share
Scroll to Top