Во Тексас собир на лобистите за оружје, ќе се обрати и Трамп

пред 2 години

Неколку дена откако во основното училиште во Увалде беа убиени 19 деца и 2 учители, денес во Тексас започнува годишната конвенција на американските лобисти за оружје (НРА). На присутните треба да им се обрати поранешниот претседател Доналд Трамп, кој за време на неговиот мандат не сакаше да го ограничи поседувањето на оружје.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Конвенцијата на НРА започнува во Хјустон, каде републиканците, вклучително и американскиот сенатор Тед Круз од Тексас и Трамп, ќе се обратат на групата која се бори за правата на носење оружје.

Неодамнешните престрелки низ целата земја повторно ја разгореа дебатата за законите за оружје во САД. Масакрот во Увалде се случи само 10 дена откако самопрогласен бел расист застрела 13 луѓе во супермаркет во населба со претежно Афроамериканско население во Бафало, Њујорк. Претседателот Џо Бајден и неговите колеги демократи ветија дека ќе извршат притисок за нови ограничувања за употреба на оружје и покрај отпорот на републиканците.

Но, малку е веројатно дека Конгресот ќе одобри построги закони за оружје, бидејќи сите републиканци се противат, наведувајќи го правото да носат оружје според Уставот на САД. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, кој се надева на реизбор во ноември, смета дека построгите закони за оружјето не го спречуваат насилството. Пратениците, вели тој, треба да се фокусираат на превенција и третман на менталното здравје.

Потврдувајќи го своето учество на митингот, Трамп рече дека на САД им требаат вистински решенија и вистинско лидерство во овој период, а не политичари и пристрасни размислувања. Тој му вети на американскиот народ важен говор. Годишниот митинг се одржува во време кога полицијата е на удар на критики затоа што, наводно, и требало премногу долго за да интервенира во училиштето во Увалде.

Share
Scroll to Top