Во Франција, повеќе од 94.000 нови случаи на Ковид-19

пред 3 години

Франција го премина прагот од 94.000 нови дневни случаи на Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата во март 2020 година, според податоците на француското јавно здравство.

За 24 часа пријавени се 94.124 нови случаи во петтиот бран на епидемијата. Во последните седум дена дневно имало во просек по 66.417 нови случаи.

Претходниот рекорд беше во четвртокот со повеќе од 91.000 случаи.

На врвот на вториот бран, слични нивоа беа забележани во ноември 2020 година – најголемиот дневен број на случаи беше 86.852. Илјадници Французи се собраа во петокот во аптеките за да се тестираат со надеж дека ќе го прослават Божиќ со своите семејства.

Медицинските услуги се под зголемен притисок и имаат 3.254 пациенти наспроти 3.208 во вторникот. Бројот на загинати се искачи на 122.462 или 169 повеќе отколку во четвртокот.

Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција, 52,7 милиони луѓе примиле најмалку една доза (или 78,1 отсто од населението), а 51,6 милиони се целосно вакцинирани (или 76,5 отсто од населението).

Share
Scroll to Top