Во хакерски напад украдени имињата на холандски полицајци

Во хакерски напад украдени имињата на холандски полицајци

пред 3 месеци

Имињата на сите холандски полицајци се украдени во сајбер напад, изјави денеска министерот за правда на земјата.

Дејвид ван Вел, министерот за правда и безбедност во Холандија, попладнево во писмо до Претставничкиот дом на Холандија рече дека вчера бил информиран од началникот на полицијата дека „податоци поврзани со работата“ на сите полицајци во Холандија биле украдени во хакерски напад.

Сè уште не е јасно кои точно детали се украдени, но во писмото се вели дека хакерскиот напад не влијаел на „приватните и на податоците од истрагите“.

Полицијата го истражува инцидентот и холандскотот тело за заштита на податоците е известено, рече ван Вел. Тој додаде дека ќе му достави на Парламентот повеќе детали кога ќе станат достапни.

Тој за холандскиот печат изјави дека владата проценува дали има некакви ризици за тајните службеници.

Текстот Во хакерски напад украдени имињата на холандски полицајци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top