Во Холандија откриен птичји грип – ќе бидат погубени 170.000 кокошки

пред 2 години

Холандските власти открија многу заразен вид на птичји грип на една живинарска фарма, поради што ќе бидат уништи околу 170.000 кокошки со цел да се спречи ширење на заразата, соопшти денеска Министерството за земјоделство на таа земја.

Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестови за вирусот Х5Н1 и додека не се утврди дали инфекцијата се проширила, се вели во соопштението на Министерството.

Стотици илјади кокошки, патки, мисирки и десетици диви птици се убиени во Холандија од избувнувањето на оваа заразна болест во 2021 година.

Share
Scroll to Top