Во Хрватска една жупанија остана без вакцини, епидемиологот сака да ја одложи втората доза

пред 4 години

Епидемиологот Мирослав Венера, претседател на Хрватското епидемиолошко друштво, за хрватските медиуми изјави дека веќе нема вакцини во Вировитичко-подравската Жупанија.

Тој смета дека треба да се размисли за одложување на втората доза на вакцината, објаснувајќи дека тоа се однесува на вакцината на „Фајзер“, а веројатно и на вакцината на „Модерна“, најмногу поради недостигот.

 

„Процентот на заштита по првата доза е многу висок, затоа многу светски влади размислуваат за одложување на втората доза уште повеќе“,  рече Венус за загрепската Н1 телевизија.

Share
Scroll to Top