Во Хрватска почина 12-годишно девојче од коронавирус

пред 3 години

Во Хрватска, која бележи нов раст на новозаразени со коронавирус, 12 лица починаа за еден ден, вклучувајќи и 12-годишно девојче, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Според претставникот на Министерството за здравство, Вера Каталиниќ-Јанковиќ, девојчето имало проблеми со срцето.

„ Само што добивме информација дека детето починало од ковид и дека станува збор за тежок срцев коморбидитет, а засега немаме други податоци“, прецизира директорот на Институтот за јавно здравје, Крунослав Чапак.

Share
Scroll to Top