Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 793 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 3.562.
Починаа 10 лица, што е најголем број на смртни случаи во последните 24 часа од почетокот на епидемијата, пренесува Јутарњи. хр.
Во последните 24 часа биле тестирани 6.696 лица.
На болничко лекување се 439 пациенти, од кои 26 пациенти се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се евидентирани вкупно 22.534 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, 344 починале, додека вкупно оздравеле 18.628 лица, од кои 431 во последните 24 часа.
До денес се тестирани вкупно 379.379 лица.