Во Хрватска се дадени над еден милион дози вакцина против коронавирус

пред 4 години

Во Хрватска се потрошени над еден милион дози вакцина против коронавирус, а повеќето граѓани се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, објави Хрватскиот институт за јавно здравје.

Според сегашните податоци од централниот регистар на е-вакцини, од почетокот на вакцинацијата се потрошени 1.025.701 доза вакцина.

Досега се вакцинирани 19,6 проценти од вкупното население, односно 23,7 проценти од возрасната популација на Хрватска.

Во текот на вчерашниот ден се потрошени 46.520 дози вакцина, што е најблиску до рекордот постигнат на 29 април, кога беа потрошени 46.887 дози.

Највисок опфат со вакцинацијата е постигнат кај возрасната група од 70 години и постари, меѓу кои 54 проценти примиле барем една доза на вакцина.

Share
Scroll to Top