Во Хрватска 287 нови случаи на коронавирус

пред 4 години

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 287 нови случаи на коронавирус, починале четири лица, а бројот на активни случаи е 1.588.

Меѓу нив, 334 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 18.084 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 304 починале, а 16.192 оздравеле, од кои 161 во последните 24 часа.

Во моментов има 9.610 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 333.241 лице, од кои 4.849 во последните 24 часа.

Share
Scroll to Top