Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 70 смртни случаи и 2.233 новозаразени лица со коронавирус, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи е 15.323, од кои 2.749 се хоспитализирани, додека 292 од нив биле на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, со новиот коронавирус се заразени 202.319 лица, од кои 3.464 починале, а вкупно закрепнале 183.532 лица, од кои 2.797 во последните 24 часа.
Во моментов има 48.054 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 982.850 лица, од кои 8.343 во последните 24 часа.