Кинеските власти денеска пријавија три смртни случаи од Ковид-19 во Шангај, први откако беа воведени последните ограничувања кон крајот на март.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи се наведува дека починале тројца постари лица со основни болести, пишува АФП, пренесува Бета.
Во Шангај, 4.641 лице починале од коронавирус од почетокот на епидемијата.
Дневно се евидентираат десетици илјади нови случаи на инфекција.
Кинеските власти го заострија долгогодишниот пристап на Пекинг за нулта толеранција кон вирусот, ветувајќи дека ќе истраат со строги ограничувања на движењето и ќе го изолираат секој што е позитивен – дури и ако не покажува знаци на болест.