Вучиќ за состојбите во Европа и светот: Сè што гледам води кон катастрофа

Вучиќ за состојбите во Европа и светот: Сè што гледам води кон катастрофа

пред 2 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сè што се случува во светот и во Европа полека води кон катастрофа и порача дека Србија ќе даде сè од себе за да избегне каков било конфликт во 21 век.

„Кога возот ја напушта станицата, а потоа паѓа, оди надолу и некаде малку подалеку наидува на карпа, а под неа на бездна. А сега размислете дали возот може да преживее паѓајќи во бездна, а друг начин нема. А кога се оди толку стрмно, кој може да го запре – се плашам никој“, рече Вучиќ коментирајќи ги изјавите на францускиот и рускиот претседател, Емануел Макрон и Владимир Путин, за вооружувањето.

На презентацијата на новиот електричен кинески брз воз, „Сокол“, Вучиќ на новинарите им рече дека е важно Србија да го зачува мирот, да ги зачува нацијата и народот.

„Ќе дадеме сè од себе Србија во 21 век да го избегне секој конфликт, секоја војна и да се стреми кон мир за голем економски успех“, рече Вучиќ.

„Сега ги купуваме првите количини меркантилна пченица, ги зголемуваме резервите на сите прехранбени производи и земаме суровини за нашите лекови“, рече Вучиќ.

Вучиќ се осврна и на изборите за Европскиот парламент.

„Мнозинството ќе биде исто, со помала улога на социјалдемократите и зелените. Ќе биде поинтересен ЕП, со помалку едноумие, ќе видиме како ќе функционира“, рече тој.

Текстот Вучиќ за состојбите во Европа и светот: Сè што гледам води кон катастрофа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top