Вучиќ: Кој вели дека оваа зима ќе биде прекрасна и одлична-тоа нема да биде така, ќе биде многу тешко

пред 4 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојуваше во еднодневна посета на Грција, каде присуствуваше на почетокот на работите за изградба на терминал за течен гас во Александрополис.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

По церемонијата, како што пишуваат медиумите во соседството, тој изјавил дека заминува во Берлин каде ќе биде примен од германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германија е сериозна земја и се подготвува за она што следува. Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 50 години. Имате два клучни проблеми – енергијата и храната и инфлацијата. Добро е што ние немаме висока стапка на јавен долг. Ќе биде доволно, нема да имаме проблеми на крајот, но мора многу да се направи“, изјави Вучиќ, јавуваат регионалните медиуми.

„Кој и да ви каже дека ќе биде прекрасно и одлично – нема. Ќе биде многу тешко. Имате два проблема – енергија и храна. Покрај тоа, проблемот со инфлацијата. Пред нас се многу тешки работи за да ги обезбедиме грашаните оваа зима“, кажал Вучиќ.

Тој му се заблагодарил на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и додал дека со него разговарал за сите важни теми, Украина, Брисел, европскиот пат на Србија и билатералните односи меѓу Грција и Србија.

„Добро е што бевме овде. Верувам дека во годините што доаѓаат ќе обезбедиме нормален и пристоен живот за нашите граѓани“, изјавил Вучиќ.

Share
Scroll to Top