Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата во Европа и светот станува се потешка поради конфликтот во Украина.
„Верувам дека ќе успееме заедно и обединети да ги надминеме политичките предизвици. Но, економските предизвици стануваат се потешки и поголеми“, рече Вучиќ во објавата на Инстаграм.
„Ситуацијата во Европа и во светот и поради конфликтот во Украинасе влошува од час во час. Во согласност со тоа, раководството на Србија ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди нормални услови за живот на граѓаните на нашата земја“, изјави Вучиќ во видеото на профилот Иднина на Србија.
Вучиќ смета дека заедно и обединети ќе можат да се надминат политичките предизвици.
„Но, економските предизвици стануваат се потешки и поголеми. И затоа реагираме на највисоките цени во историјата на јагленот и струјата и гасот и сите суровини. И цените на другите прехранбени производи драстично растат. Затоа е важно да преземеме мерки и со нив ќе ве запознаеме вечерва или најдоцна утре. Важно е да реагираме без паника, бидејќи убеден сум дека ќе ја зачуваме стабилноста и мирот и добриот живот за нашите граѓани“, заклучи Вучиќ.