Вучиќ: Целосна поддршка за територијалниот интегритет на Украина, oва не е време за санкции кон Русија

пред 2 години

Србија нуди целосна поддршка на територијалниот интегритет на Украина и смета дека нејзиното нарушување е погрешно, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, презентирајќи ги Заклучоците на Советот за национална безбедност за Украина, пренесуваат српските медиуми.

„По повод санкциите кон Русија, Србија ќе се води според заштитата на своите интереси“, изјавил Вучиќ и оценил дека за Србија не е од витално значење да воведува санкции кон никого.

Тој уште на почетокот изјави дека ова се особено тешки денови за Србија поради многу причини.

„Претходните денови се обидовме и успеавме да заземеме единствен став по прашањето за кризата во Украина и нашите постапки и реакции, како и сите дејствија и потези кои треба да ги спроведат нашите државни органи. Бевме соочени со проблеми и притисоци , речиси нескриено“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека има многу лаги и дезинформации во медиумите во Србија и регионот за положбата на државата.

„Во еден момент се запрашав зошто некој сака да погледне во српскиот двор.

Претседателот потоа ја прочита одлуката на Србија.

„Советот за национална безбедност на седницата заклучи: 1. Србија искрено жали за настаните во Источна Европа. Русите и Украинците се наши братски народи. 2. Србија е посветена на територијалниот интегритет и политичката независност на државите 3. Србија е посветена на зачувување на нејзиниот територијален интегритет, а со тоа и на интегритетот на другите земји. 4. Поради нејзината доследност со почитувањето на меѓународното право, не може да се приговори на Србија. 5. Србија дава целосна поддршка на територијалниот интегритет на Украина. 6. Србија смета дека е погрешно нарушувањето на територијалниот интегритет на која било земја, вклучително и Украина. 7. Србија е посветена на зачувување на мирот во регионот, што е од клучно значење за економскиот развој на нашата земја. Зачувувањето на мирот е витален интерес на српскиот народ. 8. Србија ќе се води исклучиво од сопствените интереси кога ќе ја разгледа потребата од воведување санкции, вклучително и кон Русија. Србија ги почувствува санкциите и смета дека не е во нејзин интерес да воведе санкции за која било земја. 9. Поаѓајќи од принципот на нашата воена неутралност, неопходно е веднаш да се прекинат сите активности на армијата и МВР со странските партнери. 10. Србија ќе ги преземе сите мерки за да ги зачува своите граѓани во Украина. 11. Нашите граѓани да се воздржат од мешање во конфликтите во Источна Европа. 12. Србија ќе обезбеди хуманитарна помош за народот на Украина. 13. Надлежните органи ги преземаат сите мерки за обезбедување на енергија, гас, нафта, храна и неопходни прехранбени производи. 14. Србија ќе ги информира своите конзули за овие заклучоци“, потенцира тој.

Тој исто така рече дека Србија учествувала во многу војни и нагласи дека мирот е многу потребен.

Share
Scroll to Top