Вo Италија откриен уште еден нов вид на коронавирус

пред 3 години

Научниците открија уште еден вид на Ковид-19 во Неапол, објави институтот „Пасквале“ на Универзитет во Неапол.

За овој вид на коронавирус, кој сега првпат е пронајден кај тестираните на коронавирус во Италија, нема многу податоци, неговата вирусна моќ или други карактеристики не се познати, а научниците го именуваа како Б.1.525.

Досега, овој вид е откриен само уште кај 32 случаи на зараза во Англија и по неколку заразени во Нигерија, Данска и САД.

Share
Scroll to Top