Газа: Израелски снајперист уби две жени во парохијата на Светото семејство

Газа: Израелски снајперист уби две жени во парохијата на Светото семејство

пред 1 година

Израелски снајперист во саботата застрелал две жени во парохијата на Светото семејство во Појасот Газа, соопшти Римокатоличката ерусалимска патријаршија.

Во соопштението било наведено дека мајката и ќерката, кои биле упатени кон женскиот манастир, биле убиени, пренесува Си-ен-ен.

Едната жена е убиена веднаш, а другата додека се обидувала да се засолни на безбедно место“, се вели во соопштението. Уште седум лица се убиени и ранети во нападот на овој црковен комплекс, каде што повеќето христијански семејства од Газа нашле засолниште од вооружените конфликти, соопшти Ерусалимската патријаршија, под чија јурисдикција се католичките цркви во Кипар, Јордан и во Израел и во Појасот Газа и на Западниот Брег.

„Во просториите на црковниот комплекс ладнокрвно пукаа во луѓе“, се наведува во соопштението на Патријаршијата.

Текстот Газа: Израелски снајперист уби две жени во парохијата на Светото семејство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top