Гари Каспаров: Путин го уби Навални „полека и јавно“

Гари Каспаров: Путин го уби Навални „полека и јавно“

пред 10 месеци

Двајца познати Руси, шахистот Гари Каспаров и уредникот Дмитриј Муратов денеска изјавија дека рускиот режим е одговорен за смртта на најголемиот критичар на Кремљ Алексеј Навални, додека познатиот писател Борис Акунин рече дека Навални станал бесмртен.

Противникот на Кремљ и поранешен светски шампион во шах Гари Каспаров рече дека Владимир Путин го убил Навални „полека и јавно“.

„Путин не успеа брзо и тајно да го убие Навални со труење, па полека и јавно го уби во затвор“, напиша рускиот шахист.

„Навални беше убиен затоа што ги разоткри Путин и неговата мафија како измамници и крадци, како и што се“, додаде Каспаров, пренесе Франс прес.

Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов ја прогласи смртта на Навални за „убиство“ и нагласи дека затворските услови довеле до тоа.

Муратов беше уредник на независниот медиум Новаја Газета, кој престана да се објавува по руската инвазија на Украина, беше прогласен за „странски агент“ во Русија и ја продаде Нобеловата награда на аукција за 103,5 милиони долари, велејќи дека ќе ги донира средствата на децата бегалци во Украина.

Писателот Борис Акуњин рече дека Навални „станал бесмртен“. „Убиениот Алексеј Навални ќе биде поголема закана за диктаторот од живиот Алексеј Навални. Диктаторот веќе не може ништо против него, Навални стана бесмртен“, напиша Акуњин, во егзил од 2014 година. „На крајот, тој ќе го закопа Путин“, додаде писателот.

Леонид Волков, еден од најголемите сојузници на Навални, во петокот предупреди да не се верува во државна пропаганда. „Навални не само што умре“, рече Волков, „Путин го убил“.

Лажеа, лажат и ќе лажат“, напиша тој на апликацијата Телеграм.

Тимот на Навални соопшти дека не добил потврда за неговата смрт и видел само општи соопштенија од локалните судски власти, пренесува Ројтерс.

Адвокатот на Навални објави дека е на пат кон затворската колонија ИК-3 во Арктичкиот круг, каде што починал неговиот клиент.

Текстот Гари Каспаров: Путин го уби Навални „полека и јавно“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top