Германец се вакцинирал 90 пати, ги продавал ковид-сертификатите

пред 2 години

60-годишен Германец, наводно, бил вакциниран против коронавирус 90 пати за да продава фалсификувани сертификати за вакцинација против Ковид со вистински сериски броеви на луѓе кои не сакаат да се вакцинираат.

Мажот наводно бил вакциниран во центрите за вакцинација во источната сојузна покраина Саксонија додека измамата не ја забележала полицијата, јавува агенцијата ДПА.

Осомничениот не е приведен, но е под истрага за неовластено издавање на потврди за вакцинација и фалсификување исправи, а бил фатен кога втор ден по ред се појавил во центарот за вакцинација.

Нема информации за влијанието на околу 90 дози вакцини против коронавирус, кои биле од различни производители, врз личното здравје на една личност.

 

Share
Scroll to Top