Германија: „Астра Зенека“ само за постари од 60 години

пред 3 години

Вакцината против коронавирусот на шведско-британскиот производител „Астра Зенека“ ќе се користи во Германија само за лица постари од 60 години. Оваа одлука е донесена по појавата на случаи на церебрална венска тромбоза по вакцинирање.

„Одлуката е донесена врз основа на достапните податоци во моментов за појавата на ретки, но многу сериозни несакани ефекти поврзани со церебрална синусна венска тромбоза“, соопшти германската комисија за вакцини, пренесе „Дојче веле“.

Ќе има дополнителни препораки за лицата под 60 години кои ја примиле првата доза од оваа вакцина, а требаа да ја примат втората доза до крајот на април.

Околу 2,7 милиони Германци досега се вакцинираа со вакцината на Астра Зенека. До понеделникот напладне, пријавени се 31 случај во институтот, а пријавени се и дополнителни 19 случаи на тромбоцитопенија. Во девет случаи, исходот бил фатален. Со исклучок на два случаи, според Институтот Паул Ерлих, сите извештаи се однесуваат на жени на возраст од 20 до 63 години. Во другите два случаи станува збор за мажи на воздраст од 36 и 57 години.

Share
Scroll to Top