Германија ги продолжи граничните контроли до 3 март

пред 4 години

Германија ги продолжи строгите контроли на својата граница со Чешка и со австриската провинција Тирол до 3 март.

Проверките се воведени на 14 февруари во обид да се намали ширењето на позаразната мутација на коронавирусот што се појави во тие области.

Германија сега дозволува влез само на сопствените граѓани и жители со дозвола за престој, возачи на камиони, здравствени работници и уште неколку други, вклучително и прекугранични работници кои работат во системски важни сектори. Секој мора да покаже негативен тест за коронавирус.

Германската гранична полиција врати илјадници луѓе од почетокот на проверките.

Share
Scroll to Top