Германското Министерство за надворешни работи изрази голема загриженост по изјавите на рускиот претседател Владимир Путин.
Изјавите на Путин, во кои тој му се заканува на Западот со можен воен одговор, во Германија ги доживуваат како загрижувачки.
Оваа изјава доаѓа во време на се позатегнати односи меѓу Русија и Западот.
Путин вчера ги обвини САД за тензиите во Европа. Тој исто така рече дека Русија ќе преземе соодветни воено-технички чекори во случај на непријателски потези од страна на САД.