Германија: Истражуваме стотици потенцијални руски воени злосторства во Украина

пред 3 години

Германските власти истражуваат стотици потенцијални воени злосторства извршени од руските сили во Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што пишува АФП, германската федерална полиција соопшти дека добила стотици информации поврзани со можни руски воени злосторства, во кои се споменуваат политички и воени лидери.

„Нашата цел е да ги идентификуваме одговорните за овие злосторства, да докажеме што направиле врз основа на истрагата и да ги изведеме пред лицето на правдата“, изјави за весникот „Велт“ Холдер Муенх, шеф на германската федерална полиција.

Германски истражители би можеле да бидат испратени во Украина, рече тој.

Украина минатиот месец објави дека се сомнева дека во земјата се извршени околу 15.000 воени злосторства.

Главниот обвинител на Украина, Ирина Венедиктова, изјави дека се идентификувани околу 600 осомничени, меѓу кои и водечки „руски воени и политички лидери и пропагандисти“.

Русија негира вмешаност во какви било воени злосторства.

Share
Scroll to Top