Германија и Франција предложија Путин да биде поканет на самит на ЕУ, лидерите со поделени ставови

пред 3 години

Премиерите на земјите членки на ЕУ се поделени околу прашањето дали треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, откако таков предлог доставија Германија и Франција, во пресрет на самитот на Унијата во Брисел.

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека ЕУ треба да најде начини за влегување во директен дијалог со Русија, оти конфликтите најдобро можат да се решат со разговор.

Другите земји, пак, повикаа на внимателност.

„Не гледаме никаква радикална промена во моделот на однесување на Русија. Ако без никакви позитивни промени во однесувањето на Русија, почнеме да се ангажираме, тоа ќе испрати лоши сигнали до нашите партнери, на пример, земјите од Источното партнерство. Ми се чини како да се обидуваме да ја ангажираме мечката да го чува безбеден делот со медот“ изјави литванскиот претседател, Гитанас Науседа.

Холандскиот премиер Марк Руте порачал дека иако во принцип не е против директен ангажман со Русија, тој нема да присуствува на таков состанок, пренесе ДПА.

Share
Scroll to Top