Германија отвора воен центар за вакцинација

пред 3 години

Германската војска за прв пат ќе дозволи 24-часовна вакцинација во еден од нејзините центри во западниот дел на државата, објавија властите.

Центарот за вакцинација Љебах во покраината Сар ќе биде отворен 24 часа на ден од недела и ќе работи во три смени за да овозможи вакцинирање на 1.000 лица дневно. Низ целата земја, војската може да понуди вакцинирање во 28 слични центри, сè додека се достапни пратките на вакцини. Министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер рече дека овој потег е дел од големата национална кампања за вакцинација.

Поради бавното темпо на вакцинирање во Германија, властите редовно беа критикувани од почетокот на годинава, а последното откажување од најавеното заострување на велигденските ограничувања дополнително ја поткопа довербата во владата дека успешно се справува со пандемијата.

Share
Scroll to Top