Германија охрабрува работа во пензија со 2.000 евра и ослободување од данок

Германија охрабрува работа во пензија со 2.000 евра и ослободување од данок

пред 6 месеци

Германската влада одобри нацрт-закон со кој се поттикнува работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние пто ќе одлучат да го сторат тоа да заработат до 2.000 евра месечно со ослободување од данок бидејќи најголемата економија во Европа се стреми да се бори против недостигот на работна сила.

Промената треба да стапи во сила на почетокот на 2026 година и се очекува да ја чини државата 890 милиони евра годишно во изгубени даночни приходи од 2026 до 2030 година, според нацрт-законот доставен до „Ројтерс“ минатата недела.

Во 2030 година населението на Германија во работоспособна возраст, веројатно, ќе се намали за 6,3 милиони луѓе во споредба со 2010 година, според демографскиот извештај на Министерството за внатрешни работи. Ова ќе доведе до намалување на домашниот бруто-производ на жител бидејќи ќе има помалку работници на пензионер.

Мерките на Германија за охрабрување на работниците да се пензионираат подоцна доаѓаат во време кога владите во Европа се свртуваат кон пензиски реформи за да се справат со недостигот на работна сила и да го намалат товарот врз нивните пензиски системи.

Сепак, тоа е сè уште социјално чувствителна тема, што може да има висока политичка цена за владите, како што може да се види во примерот на Франција.

Премиерот на земјата, Себастијан Лекорну, во вторникот ја суспендира големата пензиска реформа од 2023 година до периодот по претседателските избори во 2027 година попуштајќи на притисокот од левичарските пратеници, кои ја поставија како услов за неговиот политички опстанок.

Текстот Германија охрабрува работа во пензија со 2.000 евра и ослободување од данок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top