Германија ќе добие уште 10 милиони вакцини следната недела

пред 3 години

Германија очекува да добие 10 милиони вакцини против „Ковид-19“ до крајот на следната недела, што значи дека бројот на вакцинирани лица ќе биде значително зголемен, најави министерот за здравство, Јенс Шпан.

Тој изјави дека е многу важно да се обрне внимание на времето околу ублажувањето на мерките, иако бројот на случаи започна да се намалува, но бројот на пациенти во Германија кои се заразени со британскиот вид е 22 проценти, објави „Ројтерс“.

Вакцинацијата е на доброволна основа, но Шпан побара од граѓаните да ја примат вакцината.

„Ако чекате, ризикувате да добиете сериозно заболување“, рече Шпан.

Share
Scroll to Top