Германија ѝ нуди на Русија соработка за обновливи извори на енергија

пред 2 години

Проширувањето на економската соработка со Русија во области како што се обновливите извори на енергија може да помогне во намалувањето на тензиите околу Украина, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек во интервју за домашните медиуми.

„Треба да разгледаме и нови области на бизнисот кои можат да им помогнат на двете страни да излезат од позицијата на конфликт“, рече министерот и вицеканцелар во интервју за неделникот „Шпигел“.

Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем „Свифт“, Хабек рече дека општото набројување на санкциите нема смисла.

Тоа е крајната економска санкција, истакна тој, сепак, нагласувајќи дека неговата цел е да ги намали тензиите.

Водечките руски и американски дипломати треба да се сретнат во петок во Швајцарија за повторно да разговараат за зголемените тензии околу Украина, откако минатонеделните состаноци не дадоа резултат.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во четвртокот ја повика Русија да ја прекине својата политика на ескалација на тензиите, предупредувајќи дека ќе се соочи со серија санкции во случај на агресивни потези.

Германија е подготвена да ги брани своите основни вредности во сегашниот ќор-сокак, дури и ако треба да плати висока економска цена, рече Баербок ден претходно во Москва.

Share
Scroll to Top