Германија ѝ продава оружје на Турција, Грција негодува

пред 3 години

Германија од 2002 година одобрила продажба на оружје за Турција во вредност од 522 милиони евра, од кои скоро 128,8 милиони евра завршиле за подморници.

Германската федерална влада досега спречуваше извоз во Турција само на оружјето што може да се користи во војната во Сирија. Продажбата на морнарицата сè уште се одобрува, па грчката влада го повика Берлин да престане да го прави тоа.

„Грција е под закана со германско оружје во турски раце“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, за весникот „Велт ам Зонтаг“ во неделата.

„Не и давајте на Турција нешто што може да го дестабилизира целиот источен Медитеран“, додаде Дендиас, осврнувајќи се на изградбата на шест подморници, во кои е вклучена и германската компанија „Тисен Круп“.

 

Share
Scroll to Top