Германската министерка за здравство: Подгответе се за затворање на училиштата

пред 5 години

Министерката за образование на Германија, Бетина Старк-Ватцингер, посочи дека граѓаните, со цел да се заштитат од бранот зараза со сојот омикрон, мора да се подготват за евентуално затворање на училиштата.

„ Во оваа ситуација мора да направиме подготовки на полето на образованието, ако стане потешко заради омикронот“ изјави таа за медиумот „Функе“.

Старк-Ватцингер истакнува дека мора да се направат подготовки за алтернативно продолжение, доколку е потребно.

„ Мора брзо да ја подобриме дигиталната опрема на училиштата. Мора да се подготвиме за затворање на училиштата, не во целата земја, но секако регионално“ објасни таа.

Share
Scroll to Top