Зголемената активност на поленот го зголемува ризикот од зараза со коронавирус, покажа истражувањето на Техничкиот универзитет во Минхен и Центарот „Хелмхолц“ во Минхен.
Ако има многу полен во воздухот, бројот на инфекции се зголемува, откри меѓународниот истражувачки тим.
На места каде што нема мерки за заклучување стапката на зараза се зголемила за четири проценти, кога присуството на полен во воздухот било зголемено за 100 на кубен метар.
Во некои германски градови за време на истражувањето количината на полен достигнала 500 на кубен метар на ден, што довело до зголемување на стапката на зараза за повеќе од 20 проценти.