Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Европската Унија е должна да преземе поголема одговорност во поддршката на Украина по промената на ставот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за украинскиот конфликт.
Во интервју за радиото „Дојчландфанк“, Вадефул изјави дека е потребно да се забрза исполнувањето на ветувањата што европските земји веќе му ги дадоа на Киев.
„Можеме да постигнеме многу повеќе. Не сите европски земји сè уште ги исполнија своите ветувања кон Украина. Мора да видиме какви други финансиски и воени капацитети имаме“, истакна тој.
Според него, Европа е многу посилна од Русија и затоа има потенцијал да обезбеди дополнителна помош. Германското Министерство за надворешни работи во посебно соопштение нагласи дека зборовите на Трамп го покажуваат неговото незадоволство од недостигот на напредок во мировните преговори.
Американскиот претседател претходно изјави дека Украина, со поддршка на ЕУ, е подготвена да ги врати териториите што ги изгуби, но и дека оди уште подалеку. Тој нагласи дека САД ќе продолжат да го снабдуваат НАТО со оружје, со порака дека сојузниците ќе располагаат со овие средства според сопствените одлуки, вклучително и понатамошен трансфер во Украина.
Фото: принтскрин
Текстот Германскиот министер за надворешни работи: Европа е многу посилна од Русија е превземен од МАКФАКС.