Германски имунолози: Немаме доволно вакцини за да дадеме две дози, граѓаните нека примат барем една

пред 4 години

Здружението на имунолози на Германија бара властите повеќе да не ја чуваат втората доза за луѓето кои ја примиле првата вакцина.

„Да се ​​остави настрана втората доза, имајќи ја предвид моменталната состојба, чини човечки животи”, рече генералниот секретар на Друштвото, Карстен Вацл, пренесува „Аугсбургер алгемајне“.

Според него, сега би било корисно да се дадат сите дози на граѓаните, а втората доза да се даде кога ќе дојдат подоцнежните испораки.

Вацл укажа дека во многу покраини и центри за вакцинација ја чуваат втората доза за вакцинираните со првата доза.

Share
Scroll to Top