Главниот медицински советник на британската влада, Кристофер Вити, изјави дека претстојат неколку најлоши недели од епидемијата на Ковид-19 во Велика Британија, бидејќи новиот, позаразен вид коронавирус се шири незапирливо.
„Следните неколку недели ќе бидат најлоши кога станува збор за бројот на новоинфицирани. Пред да се почувствуваат ефектите од вакцинацијата, навистина треба да ги удвоиме напорите и да спречиме ширење на болеста“, рече Вити, пренесе „Ројтерс“.