Главниот словенечки епидемиолог поднесе оставка, причините не ги открива

пред 3 години

Главниот словенечки епидемиолог, Марио Фафангел, ја напушти работната група на тамошното Министерство за здравство, која ја советува владата за мерките за борба против Ковид-19.

Фафангел го известил министерот за здравство, Томаж Гантар, за неговата одлука и ги објаснил неговите причини, но тој нема намера јавно да ги презентира, објави СТА.

Фафагел неодамна за политичкиот неделник „Младина“ изјави дека не се согласува со некои ограничувања наметнати од словенечката влада, но истакна дека генерално се потребни строги ограничувања за борба против епидемијата.

Инаку во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 480 нови случаи на коронавирус од 1.751 тест, а 52 лица починаа, објави словенечката влада, наведувајќи дека постојните мерки остануваат на сила.

Досега вкупниот број на пациенти кои го загубија животот како резултат на компликации од оваа болест е 1.795.

Во болниците има 1.301 пациент, од кои 196 се на интензивна нега.

Словенија досега потврди повеќе од 86.000 случаи на коронавирус.

Share
Scroll to Top